Search

Лозановска: Градоначалничката им должи одговор на битолчани за аферата „Коки и Кики“

Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Олга Лозановска ја обвини градоначалничката Наташа Петровска дека по којзнае кој пат одбегна да присуствува на седница на Совет и одлучи да не се соочи со граѓаните на Општина Битола и советниците кои бараат одговори.

-Конкретно граѓаните на Општина Битола ги интересира и основано се загрижени за хаосот со легализацијата на објектите кој трае од самото доаѓање на локалната власт на СДСМ. Посебно се бараат одговори после аферата со Коки, Кики и Фрики, првиот наводно газда на национален медиум, другите влијателни партиски функционери на СДСМ, од кои едниот од Битола.Бараме одговори од градоначалничката, дали е точно дека врз неа е вршен притисок за пренамена на ДУП во битолската касарна од страна на оваа тројка, со цел добивање на дозвола за изградба на старски дом. Дека станува збор за градоначалничката на Битола добивме потврда и од Зоран Заев на собраниската говорница. Бараме одговори дали позади хаосот во урбанизмот во Битола се кријат локални шерифи и моќници од СДСМ, а граѓаните на Битола се оние кои трпат штетат врз нивниот грб, изјави Лозановска.

Треба да знаете
Последни објави