Search

„Ловци на вештерки” на филмскиот фестивал Санденс

По светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, и освоената награда на младата публика, филмот продолжи со фестивалскиот успех на повеќе од 30тина филмски фестивали и награди по светот, a филмскиот фестивал Санденс го крунисува огромниот успех на филмот “Ловци на вештерки”.  Основан во 1981 година од страна на Роберт Редфорд, Филмскиот фестивал Санденс има за цел да ја поврзува публиката со уметниците во разгорување на нови филмски идеи, откривање на оригинални приказни и градење на филмска заедница посветена на независниот филм.

“Ловци на вештерки” е приказна за Јован, едно момче од десет години, кој е роден со делумно церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација Јован бега во светот на фантазијата во која, непречен од неговата физичка попреченост, тој е слободен да направи се и да биде оној кој сака , еден вид Суперхерој.

Оваа прекрасна семејна приказна на недопрен растеж и искрено пријателство беше сниман 5 недели во Белград и целиот проект не ќе беше можен без поддршка и помош на следниве институции: Филмскиот центар на Србија, МЕДИА програмата во склоп на Креативна Европа, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Република Србија, како и продукциските куќи Акција Продукција/-Србија и Дрим Фектори од Македонија.

Улогиите во филмот ги толкуваат Михајло Милавиќ, Силма Махмут, Јелена Докиќ, нашата Јелена Јованова, Бојан Жировиќ и Милутин Милошевиќ.

Поведен од слоганот на филмот дека “Секој има шанса да ги искачи скалилата во животот за прв пат”, Рашко Миљковиќ го режираше филмот, сценаристи беа Марко Манојловиќ и Милош Kreчковиќ , костимографи се Ирена Анастасовска и Милена Миленковиќ , Звукот го снимаше Игор Поповски, директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, монтажер е Ѓорге Марковиќ, извршен продуцент е Стојан Вујичиќ, а родуценти на филмот се Јована Караулиќ и Огнен Антов.

По премиерата и киноприкажувањето во Скопје, Дрим Фектори ви најавува дека филмот наскоро ке биде представен пред Битолската филмска публика.

Треба да знаете
Последни објави