Search

Ловокрадците минатата година убиле речиси 800 носорози

Ловокрадците во текот на изминатата година убиле 769 носорози, соопшти денеска јужноафриканското министерство за заштита на животната средина.

Ова е, како што истакнаа официјалните лица, намалување од 25 отсто во споредба со 2017 година, објави агенцијата АП.

Ловокрадците ги убиваат носорозите поради продажба на рогови.

Виетнам и Кина се главните нелегални пазари за продажба на роговите од носорози.

Постојат некои верување дека рогот лечи некои болести ако се зема во форма на прав, иако нема научни докази дека рогот кој се состои од иста супстанција како човечките нокти има лековити својства.

Треба да знаете
Последни објави