Search

Ли ги повика странските компании да вложуваат во Кина

Кинескиот премиер Ли Кечијанг на вчерашната средба со претседателот на Европски совет Шарл Мишел во Пекинг ги повика странските компании да продолжат да инвестираат во Кина.

Ли ги повика двете страни да се отворат една кон друга, наведувајќи дека Кина секогаш ќе остане посветена на својата основна државна политика на отворање.

Кина ќе продолжи да го негува меѓународно деловно опкружување засновано на пазарот и законите и сите компании ќе ги третира подеднакво и правично.

Како што јавија кинеските медиуми Ли истакна дека Кина континуирано ќе го отвора својот финансиски сектор и ќе поттикнува повеќе инвестиции од квалификувани странски институционални инвеститори, додека ја одржува домашната финансиска стабилност.

– Кина ќе се стреми да ја одржи основната стабилност на курсот на кинеската валута и да ја одржува на разумно и избалансирано ниво, посичи Ли.

Тој додаде дека Кина е „подготвена да ја зајакне соработката со Европска Унија врз основа на взаемно почитување и еднаквост и правилно да ги решава разликите за да го промовира здравиот и стабилен развој на сеопфатното стратешко партнерство Кина-ЕУ”.

Мишел посочи дека ЕУ ја следи политиката на една Кина и дека се радува на успехот на средбата на лидерите ЕУ-Кина.

Треба да знаете
Последни објави