Search

Личните предмети на Синатра одат на аукција, се очекува заработка од најмалку 3,5 милиони долари

Аукциската куќа Сотби во Њујорк претстави лични предмети кои му припаѓале на Френк Синатра и неговата четврта сопруга, Барбара, и во текот на месецот ќе ги понуди на аукција. Аукциската куќа се надева дека ќе заработи најмалку 3,5 милиони долари од продажбата.

Најскап меѓу 123-те предмети е дијамантскиот 20-каратен свршенички прстен што Синатра и го подарил на Барбара и портретот на пејачот, кој во 1973 година го изработи познатиот сликар Норман Роквел, пишува „Гардијан“.

Луѓето го доживуваат Синатра како актер и пејач, но на оваа аукција ќе видите дека успешно се занимава со сликарството. Исто така, ќе дознаете дека бил пријател со сите американски претседатели, од Труман до Клинтон и дека бил страстен колекционер на уметнички дела“, рече Мари Клаудија Хименез од њујоршкиот Сотби. Таа забележа дека Синатра имал сликарско студио бидејќи сликањето го опуштало.

На аукцијата ќе бидат понудени зачувани сценарија за филмови во кои глумел Синатра, како „Одовде до вечноста” или „Манџурискиот кандидат” и јакната што нарачал да ја направат за него и неговите блиски пријатели со натпис „USA drinking team“.

Дел од продажбата на збирката предмети, кои по смртта на Френк и припаднаа на неговата сопруга е наменет за калифорниската фондација „Детски центар”, основана од страна на Барбара. Целта на оваа фондација е да им се гарантира на децата здраво, безбедно и мирно детство.

Треба да знаете
Последни објави