Search

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ лаже дека се намалуваат пензиите, грижата за пениознерите е на прав пат, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Во очај и безидејност ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, лицемерие и лажна грижа за граѓаните.

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори и без никаква логика. Со таквиот однос, создадоа огромна дупка во Фондот за пензиско осигурување.

Денес, пензиите се усогласуваат согласно Закон, два пати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со безидејност и лицемерие.

Денес, грижата за пензионерите е на прав пат, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави