Search

Лицемерието на Заев е што го краде народот со поскапа струја во исто време кога Заеви имаат Мајбах и Порше Слика на контакт

Заеви преку ноќ се стекнаа со возен парк од неколку стотици илјади евра. СДСМ прави евтин театар кој не поминува кај граѓаните.

СДСМ секој ден покажува дека не го интересираат проблемите на граѓаните. Врвот на СДСМ го интересира само максимизирање на профитот на грбот на граѓаните. СДСМ безобзирно посегнува во џебовите на граѓаните и безуспешно се обидува да го сврти вниманието од реалните проблеми.

Власта ја покачи струјата за да може мафијата и Заев да ги полнат џебовите со парите на народот.

СДСМ има апсолутна власт во последните години и наместо да ги разгледуваат забелешките на граѓаните тие неуспешно се обидуваат вината да ја префрлат кон опозицијата.

Лицемерието на СДСМ нема граници. Семејството на премиерот ги поседува  најскапите и најексклузивните автомобили во Македонија. Тие не зборуваат ништо за Мајбахот на Трајче Заев од 300.000 евра. Заеви поседуваат Порше Тајкан за 200.000 евра. Зоран Заев си развозува со мотор БМВ од 35.000 евра.

Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемите, Заев е проблемот.

 

Треба да знаете
Последни објави