Search

Лихштајнер го напушти Аугзбург

Швајцарскиот фудбалски интернационалец Стефан Лихштајнер ќе го напушти германскиот  бундеслигаш Аугзбург. Ова го објави дефанзивниот фудбалер на бундеслигашот на својот Твитер.

– Благодарам драги фанови за поддршката. Благодарност до мојот тим. Беше забавно со вас. Ви посакувам се најдобро за иднината, напиша Лихштајнер.

Лихштајнер играше за бундеслигашот од летото 2019 година. Во сезоната 2019/2020, тој настапи на 20 натпревари во германскиот шампионат.

Треба да знаете
Последни објави