Search

Литературен конкурс за поезија по повод Месецот на книгата во Делчево

 Јавната локална библиотека „Илинден” од Делчево распиша Литературен конкурс за поезија на тема „Книга – Сон кој го држиме во раце”.

-Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од основното образование. Сите ученици кои ќе творат на темата, песните можат да ги донесат во библиотеката секој работен ден од 7,30 до 18 часот или да ги дадат на наставниците по македонски јазик, информираа од ЈЛБ „Илинден”.

Конкурсот како што додадоа се организира по повод Месецот на книгата.

-Конкурсот ќе трае до 20 октомври 2022 година по што Комисија ќе ги разгледува творбите одцкои најдобрите три ќе бидат наградени, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Од ЈЛБ „Илинден” во рамки на одбележувањето на Месецот на книгата најавија повеќе настани во кои главниот збор ќе го имаат младите.

Треба да знаете
Последни објави