Search

Литванија донесе закон за размена на шпиони со Русија

Литванскиот Парламент денеска донесе закон со кој се овозможува размена на шпиони со Русија.

Со  размената треба да биде опфатен норвешкиот државјанин Фрод Берге, кој отслужува 14-годишна затворска казна за шпионажа во руски затвор.

Новиот закон овозможува претседателот на Литванија да има право да помилува осуденици кои се вклучени во договорот за размена.

Од друга страна, Литванија може да и предаде на Русија човек осуден на 10 години затвор за шпионирање за руската разузнавачка служба.

За возврат, двајца Литванци осудени на по 12 години поради шпионажа во Русија ќе бидат ослободени од руски затвор.

Треба да знаете
Последни објави