Search

Лион му очита лекција на Јувентус

Фудбалерите на Лион го изненадија Јувентус и го совладаа со 1-0, во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Домаќинот на „Олимпик Парк“ одигра херојско прво полувреме, во кое поведе и целосно го надигра тимот на Сари.

Сепак, второто мина целосно во знакот на Јувентус, кој никако не успеа да го најде патот до мрежата на Лопез.

Тимот од Торино прв се закани, кога Кристијано Роналдо се обиде да го пронајде Квадрадо во петерецот. Сепак, Колумбиецот доцнеше, а топката заврши непосредно до стативата. Многу посериозна шанса имаше Лион, кој по корнер и удар на Тото-Екамби со глава ја стресе гредата од голот на Шчешни.

 

.Домаќинот почна да го стега противникот и презеде контрола на играта. Како резултат на тоа, дојде голот за предност на Лукас Тусар, кој во 31. минута стрелаше за 1-0. Хусем Ауар беше меѓу главните „виновници“ за погодокот, бидејќи нанижа неколку играчи на Јувентус по десната страна и асистираше за осамениот Лукас на пеналтикот, кој лесно погоди.

До крајот Јувентус ја имаше иницијативата, меѓутоа Лион одлично се бранеше и не дозволи нивната мрежа да биде затресена.

 

Треба да знаете
Последни објави