Search

Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“

Тоа што веќе неколку дена се најавуваше во јавноста, предмалку доби и официјална потврда- Лионел Меси е добитникот на престижното признание Златна топка.

На церемонијата во Париз вечерва сите го очекуваа моментот по кој ќе биде прогласен најдобриот фудбалер во светот за сезоната што измина, а изборот падна токму врз фудбалерот на ПСЖ за кого ова е седма Златна топка во кариерата.

Аргентинецот во битката за престижното признание ги победи Жоржињо, Карим Бензема и Роберт Левандовски кои беа негови најголеми противкандидати.

Според многумина, ваквиот избор на „Франс Фудбал“ воопшто не е правилен затоа што Лионел Меси не заслужил да ја освои наградата, туку таа требало да замине во рацете на Роберт Левандовски кој и лани имаше фантастична сезона.

На социјалните мрежи голем дел од фудбалските фанови веќе го изразуваат својот отворен револт кон ваквата одлука, а претходно со остра реакција се јави и некогашниот освојувач на Златната топка, Жан Пјер Папин.

Треба да знаете
Последни објави