Search

Линхарт: ЕУ мора повеќе да подаде рака кон Западен Балкан

Новоименуваниот шеф на австриската дипломатија Михаил Линхарт оцени дека Западен Балкан е многу важен и истакна дека ЕУ мора „уште повеќе да ја подаде раката кон тој регион”.

– Западен Балкан ни е близок. ЕУ мора уште повеќе да им подаде рака на тие земји, појасни Линхарт за виенскиот весник Хојте.

По преземањето на функцијата, Линхарт ја избра Босна и Херцеговина како прва службена дестинација, испраќајќи сигнал дека Западен Балкан останува политички приоритет во надворешната политика на Австрија.

Треба да знаете
Последни објави