Search

Линекер го нападна Роналдо: Сега не е момент за ова

Додека од сите страни на фудбалскиот свет стигнуваат пораки со поддршка за Емилијано Сала кој заедно со пилотот на мал авион исчезнаа во понеделникот и од тогаш им се губи секаква трага, Кристијано Роналдо со еден потег на социјалните мрежи предизвика бес кај љубителите на фудбалот.

Португалецот вчера се појави на судењето во Мадрид каде заработи казна поради прикривање на данок, а по враќањето во Торино со својот приватен авион објави фотографија на неговиот  профил баш во моментите кога целиот свет се обедини за поддршка на Сала.

Прво кој го „нападна“ Роналдо поради ваквиот потег беше поранешниот англиски репрезентативец и сегашен стручен аналитичар, Гери Линекер.

– Не е ден за ваква објава. Навистина не е – напиша Линекер на својот  профил.

Треба да знаете
Последни објави