Search

Линдзи почнува реалити шоу, забавите ги претвора во бизнис

Актерката Линдзи Лохан (32) честопати беше цел на папараците на нејзините „диви” излегувања. Нејзините пороци често беа алкохолизмот и забавите, а сега таа одлучи тоа да го претвори во бизнис. Освен што отвори ноќен клуб во Грција, актерката на 3 декември го најави своето МТВ реалити шоу наречено „Линдзи Лохан бич клаб“. Клубот на актерката се наоѓа на плажа на островот Миконос и е главно место на дејство. Во новата емисија полуголи бармени и хостеси ќе бидат кандидатите кои ќе се натпреваруваат за да станат дел од нејзиниот клупски тим.

Емитувањето на шоуто почнува на МТВ на 8 јануари 2019 година.

Ова лето Лохан предизвика бурна реакција на социјалните мрежи бидејќи ги коментираше фотографиите на хостесите од својот клуб. Таа им забележа што позирале во исти фустани, но во различни чевли.

„Каде ви се истите чевли? Поправете го тоа, во спротивно ќе добиете отказ“, напиша таа под фотографијата. Следбениците ја нападнаа дека е површна бидејќи поради такво нешто би им дала отказ на девојките и некои и напишаа да се симне на земја.

Треба да знаете
Последни објави