Search

Линделоф задоволен од своето партнерство со Мегваер

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф изјави дека е многу задоволен од своето партнерство со Хари Мегваер во центарот за одбрана на „црвените ѓаволи”.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер се потпира на обајцата како прв избор за центарот на одбраната оваа сезона, и се чини дека тие се подобруваат на теренот.

– Одлично е да се игра рамо до рамо со Хари. Тој е фантастичен фудбалер и двајцата добро си партнираме. Ние сакаме да победуваме на повеќе натпревари, но мислам дека со секоја изминат меч, што го играме заедно, ќе се подобруваме. Може да продолжиме да ги подобруваме нашите перформанси и да му помогнеме на тимот со повеќе „суви” мрежи, рече Линделоф.

Треба да знаете
Последни објави