Search

Лил заинтересиран за Ренато Санчез

Францускиот фудбалски прволигаш Лил сака во своите редови да го види играчот од средниот ред на Баерн, Португалецот Ренато Санчез, објави „Билд”. Претходно се појавија информации дека Санчез сака да го напушти германскиот клуб за да добие повеќе минутажа на натпреварите.

Санчез се пресели во Баерн од Бенфика по победата со неговата репрезентација на Еуро 2016 година. Во истата година, тој ја доби наградата „Златно момче” за најдобар млад играч на годината. Минатата сезона одигра 24 натпревари натпревари за Баерн и постигна два гола.

Треба да знаете
Последни објави