Search

Лилард со 50 поени го предводеше Портланд до триумф над Индијана

Демијан Лилард со 50 поени и 13 асистенции е најзаслужниот за триумфот на Портланд над Индијана на еден од шесте натпревари одиграни ноќеска во кошаркарската НБА лига кои поминаа во сенка на смртта на Коби Брајант.

Постигнати резултати:
Атланта – Вашингтон 152:133
Мемфис – Феникс 114:109
Њу Орлеанс – Бостон 123:108
Њујорк – Бруклин 110:97
Орландо – Лос Анџелес клиперс 97:112
Портланд – Индијана 139:129.

Во поредокот на Источната конференција прв е ЛА лејкерс со 36 победи и 10 порази, додека на Запад Милвоки има најдобар биланс со 40 победи и шест загубени натпревари.

Треба да знаете
Последни објави