Search

(Видео) Лилард постигна рекордни 61 поен за Портланд

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард постигна 61 поен на натпреварот со Голден Стејт одигран рано утрово во „Мода центар”. За Лилард ова е личен рекорд по број на постигнати поени. Исто така, овој резултат е рекорд во ефикасност за еден играч во историјата на клубот.

Портланд го доби натпреварот со 129:124 по продолжение.

Лилард за 45 минути поминати на теренот забележа и 10 скока и седум асистенции.

По оваа победа, Портланд е на десеттото место на Западната конференција, додека Голден Стејт на последното, 15. место.

На другите натпревари од НБА лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:

Бостон – Лос Анџелес лејкерс 139:107
Минесота – Денвер 100:107
Феникс – Сан Антонио 118:120
Јута – Индијана 118:88.

Треба да знаете
Последни објави