Search

Ликот на прогонетиот хомосексуалец и воен херој на банкнота од 50 фунти

Алан Турнинг, основачот на концептот на модерен компјутер и математичар познат по разбивањето на воениот код Енигма, ќе се појави на новата британска банкнота од 50 фунти, според „Гардијан“.

Тој бил избран меѓу речиси 1.000 научници поради неговата улога во Втората светска војна, но и поради повоеното прогонство што го доживеал бидејќи бил хомосексуалец.

Британската централна банка, Банката на Англија, го пофали Туринг и како научник и како личност која имаше огромно влијание врз општеството. И покрај заслугите добиени за време на Втората светска војна, тој беше уапсен во 1952 година поради кршење на јавниот морал и беше осуден на задолжителна хормонална терапија. Две години подоцна, тој извршил самоубиство, се отрул со цијанид.

Банкнотите со ликот на Туринг ќе стапат во промет во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави