Search

Ликовен конкурс „Воздухопловни летала на иднина”

Ликовен конкурс на тема „Воздухопловни летала на иднина”  за учениците од основните училишта во држвава организира Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со Министерството за образование и наука.

Конкурсот е поделен во две категории: за ликовна творба со која може да конкурираат ученици од 7 до 12 години, и за ликовна творба во 2-Д или 3-Д, со свои креативни дела,  за ученици од 13 до 15 години.

Со пропозициите за учество на Конкурсот, заинтересираните лица, може да се запознаат на следниот линк ЛИКОВЕН КОНКУРС.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги охрабрува сите млади креативци од земјава да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат придонес во изразување на личниот талент и визија, како гледаат на перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование, е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и АЦВ, преку организација на серија од настани и активности.

Треба да знаете
Последни објави