Search

Лидс и Арсенал одиграа без голови на ,,Еланд роуд”

Екипата на Лидс јунајтед освои бод во дуелот со Арсенал на својот „Еланд роуд“ во 9.коло на најсилната англиска лига и со тоа ја прекина мини-серијата од два убедливи порази во претходните две кола во Премиер лигата. Денеска момците на Марсело Биелса беа подобар ривал, а тоа го покажува и статистиката, поголем посед на топка, повеќе удари на гол, во рамките на голот и надвор.

Во 55 минута Никола Пепе беше исклучен. Напаѓачот на Арсенал со глава го удри Езџан Алиоски, а судијата Антони Тејлор по прегледување на снимката на францускиот играч му го покажа патот кон соблекувалната.

По овој бод Лидс има 11 и е на 14-тата позиција на табелата, а Арсенал го запиша првото реми сезонава и има 13 бода на 11-тото место.

Треба да знаете
Последни објави