Search

Лидс го потврди трансферот на голманот на Реал Мадрид

Тоа што се најавуваше во претходните неколку денови, денес доби и официјална потврда. Досегашниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља потпиша договор со тимот на Лидс Јунајтед.

Шпанскиот интернационален чувар на мрежата се обврза на верност со клубот со историско минато во следните четири и пол години.

32 годишниот голман има големо искуство зад себе играјќи во Еспањол, Кадиз, Картагена и Реал Мадрид.

Во редовите на Лидс Јунајтед ќе му биде конкуренција на младиот Пикок Фарел кој во неколку наврати покажуваше дека станува збор за неверојатно талентиран голман.

Лидс Јунајтед во моментов се наоѓа на првата позиција во Чемпионшип лигата и е меѓу главните фаворити за пласман во Премиер лигата следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави