Search

Лидл најави доаѓање на брендот во Македонија

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.

Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но нашите извори кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза.

Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдија, ниту децидно ја демантираа информацијата.

-Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговорија од „Лидл“ на прашањето на InStore за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар.

„Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради.

 

Треба да знаете
Последни објави