Search

Лидерот на „Подемос“ се надева на владин договор во последен момент

Лидерот на шпанската екстремно левичарска Унидас Подемос, Пабло Иглесијас, во петокот рече дека се уште се надева на владин договор со социјалистите во последен момент.

Без договор, неговата партија нема да го поддржи предлогот на социјалистичкиот лидер Педро Санчез да стане премиер, изјави Иглесијас за телевизијата „Ла Секста“.

Ако владата не положи заклетва до 23 септември, ќе има парламентарни избори на 10 ноември.

Треба да знаете
Последни објави