Search

Лидерот на косовската опозиција Албин Курти позитивен на Ковид-19

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување (ВВ), поранешниот премиер на Косово Албин Курти по тестирањето информира дека е позитивен на Ковид-19. Во објава преку својата страница на Фејсбук, Курти наведе дека имал лесни симптоми и дека наредните две недели ќе биде во самоизолација.

– Почитувани членови на Движењето и граѓани на Републиката. Завчера имав одредени симптоми: лесна главоболка, мала кашлица и болки и црвенило на очите. Вчера го извршив тестот за Ковид-19 и резултирав позитивен. Во наредните две недели ќе бидам во самоизолација, напиша 45 годишниот Курти. 

Треба да знаете
Последни објави