Search

Лидерот на Доњецк бара санкции за Киев за неисполнување на мировниот договор од Минск

Како гаранти, Германија и Франција треба да го казнат Киев со санкции поради неподготвеноста да ги исполни договорите од Минск за решавање на кризата во Донбас, изјави за ТАСС лидерот на самопрогласената народна република Доњецк, Денис Пушилин.

„Изјавите на новиот министер за надворешни работи на Украина дека Киев не планира да го измени уставот за да му даде на Донбас посебен статус, не не изненадија. Украинските политичари кои ветија целосна посветеност на Минск, со години се обидуваат да ја избегнат одговорноста со неисполнување на обврските“, рече Пушилин.

Лидерот на Доњецк потсети дека специјалните одредби за статусот на регионот и за ослободување на лица поврзани со настаните во Донбас беа потврдени со договорот од Минск, кој беше поддржан со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.

„Никаква измена и дополнување на договорите во Минск не доаѓа во предвид. Ако мешународната заедница и гарантите на договорот од Минск се непристрасни, тогаш веќе требаше да има санкции за Украина, барем од Германија и од Франција, за кршење на договорите и неисполнување на обврските“, истакна Пушилин.

Министерот за надворешни работи на Украина, Вадим Пристајко, на 14 септември рече дека Киев нема да го измени уставот на земјата за да ги вклучи одредбите за доделување посебен статус на Донбас. Тој исто така изјави дека нема да биде обезбедена амнестија за учесниците во украинскиот конфликт иако тоа беше предвидено со мировните договори во Минск.

Претходно, шефот на делегацијата на Украина во Контакт групата, Леонид Кучма, даде слична изјава, нагласувајќи дека претседателот Владимир Зеленски нема да му даде на Донбас посебен статус.

Треба да знаете
Последни објави