Search

Лидерот на албанските Грци ја обвини Владата дека нема ниту еден конкретен чекор за правата на малцинствата

Лидерот на Партијата за заштита на човековите права (партија на Грците во Албанија) Ванѓел Дуле изрази загриженост што Владата на премиерот Еди Рама и по две години од усвојувањето на Закон за заштита на националните малцинства не презела никакви конкретни чекори.

-Од октомври 2017 година кога парламентот го донесе Закон за заштита на националните малцинства во Албанија, не одговори на барањата на времето. Многуте подзаконски акти со кои законот би се сметал за целосен не се донесени иако Владата се ангажираше во ЕУ дека ќе бидат донесени до мај 2018 година а еве сега сме јануари 2020 не е преземен ниту еден конкретен чекор, обвини Дуле.

Неодамна телевизија Тема емитуваше поширока информација околу ова прашање во која пренесува истражување на Институтот за политичики студии,кој наведува дека Владата ги нема донесено подзаконски акти за малцинставата.

-Не носењето на подзаконските акти негативно влијание не само врз законот и врз националните малцинства, туку и на самите стандарди на демократија, доброто владеење како и интересите на Албанија во процесот на интеграција, стои во извештајот на Институтот за политички студии од Тирана.

Во прилогот се посочува дека исполнувањето на обврските кон малцинствата во Албанија било едно од петте точки што Европската унија ги постави како услов владата да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.

Институтот за политички студии од Тирана за потребите на истражувањето став побарал и од претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанското парламент, Васил Стерјовски кој изјавил дека “овој закон е усвоен затоа што тоа беше еден од условите на Албанија за интеграција во ЕУ, но законот не се спроведува во многу негови елементи”.

За неговиот колега од грчкото малцинство, пратеникот Лигораќ Карамело, со недонесувањето на поздаконските акти грчката заедница во Албанија ги губи основните права што треба веднаш да бидат исполнети.

Вангел Дуле за предизвик го смета најавениот попис на населението што треба да се спроведе годинава.

-Од друга страна, предизвик е пописот на населението по неуспешниот попис во 2011 година, иако Законот што го критикуваат сите меѓународни организации останува проблематичен и непроменет, изјави Дуле во Дервичан.

Тој присуствуваше на свеченоста по повод 29 годишнината од формирањето на друштвото „Омонија” на припадниците на грчкото малцинство.

Треба да знаете
Последни објави