Search

Ливерпул ја најде замената за Ван Дајк

Ливерпул уште на стартот од првенството се соочи со проблеми. Столбот во одбраната Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на коленото и ќе паузира до крајот на сезоната. Да биде ситуацијата уште полоша, повреден е и Жоел Матип, а во летниот преоден рок го продадоа Дејан Ловрен, па Ливерпул сега е само со еден класичен стопер.

Најавите се дека Ливерпул тргнува во офанзива за да го купи Дајот Упамекано. Тоа е фудбалер кој игра одлично во Лајпциг и на германскиот тим ќе му биде тешко да го задржи уште долго во своите редови. Планот на Ливерпул е уште во јануари да доведе замена за Ван Дајк.

Од Лајпциг го проценуваат Упамекано на околу 50 милиони евра, што е висока сума, но во ситуација кога Ливерпул мора да бара замена за играч на клучна позиција, се очекува англискиот тим да плати за играчот кој годинава дебитираше и за француската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави