Search

Ливерпул ја забележа 18. последователна победа во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул синоќа стигнаа до 18. триумф во низа, откако на домашен терен беа поуспешни од Вест Хем со 3:2.

Гостите водеа до 68.минута, но на крајот остана со празни раце.

Головите за „црвените” ги постигнаа Вијналдум, Салах и Мане, за Вест Хем погодија Диоп и Форналс.

Избраниците на Јирген Клоп се убедливо први во Англискиот шампионат со 26 победи на 27 натпревари. Единствен кој им откина бодови е Манчестер јунајтед (0:0 во октомври).

Предноста на Ливерпул (79 бода) пред второпласираниот Манчестер сити (57 бода)  изнесува 22 бода.

Треба да знаете
Последни објави