Search

Ливерпул цврсто гази кон титулата и урива рекорди

Лидерот во англиската фудбалска Премиерлига Ливерпул освои нови три бода на гостувањето кај Норич (0:1). Мане со погодок во завршницата го обезбеди новиот минимален триумф за нов рекорд и постигнување со кое не може да се пофали ниту еден друг клуб од 5 најсилни фудбалски првенствата во Европа.

Со овој триумф, Ливерпул сега го има најдобриот скор по 26. кола. Избраниците на Јирген Клоп имаат 25 победи и едно реми без ниту еден пораз.Претходниот рекорд му припаѓаше на бундеслигашот Баерн Минхен, кој предводен од Пеп Гвардиола во сезоната 2013/14 имаше скор од 24 победи и 2 нерешени меча  без пораз.

Ливерпул сега има предност од 25  бода на табелата и му недостасуваат уште пет победи за  теоретски да ја осигура титулата во Премиерлигата која ја чека 30 години.

Треба да знаете
Последни објави