Search

Ливерпул убедлив во Порто за полуфинале на ЛШ

Екипата на Ливерпул со 4:1 славеше на гостувањето на „Драгао“ кај екипата на Порто и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 6:1.

Садио Мане го отвори резултатот уште во 26. минута, по што Ливерпул не дозволи никакво изненадување. На 0:2 зголеми Салах во 65. минута, а надежта за Порто дека ќе извлече позитивен резултат Едер Милитао во 69. минута, но тоа беше се од домашниот тим.

Ливерпул до крајот постигна уште два погодоци преку Роберто Фирмино и Вирџил Ван Дијк за поставување на конечниот резултат.

Во полуфиналето Ливерул ќе игра со Барселона.

Треба да знаете
Последни објави