Search

Ливерпул тешко дека ќе ја одбрани шампионската титула без Ван Дајк

Англиската  фудбалска јавност смета дека актуелниот шампион Ливерпул, без Вирџил Ван Дајк во тимот „црвените“ немаат шанси да ја одбранат титула. Холанѓанецот Ван Дајк се повреди на саботниот натпреавр во градското дерби со Евертон (2:2) по старот на противничкиот голман Џордан Пикфорд. Ван Дајк ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, поради што најмалку шест месеци ќе отсуствува од фудбалските терени.

Црните прогнози се дека оваа сезона за Ван Дајк е завршена. Обложувалниците „реагираа“ по повредата на Ван Дајк и веднаш го намалија коефициентот дека Ливерпул ќе биде шампион.

-Големите тимови не зависат од еден фудбалер, но тој е клучниот човек на Ливерпул. Тимот има проблеми во одбраната. Луѓето сметаат дека Салах е клуч за играта на Ливерпул, јас мислам дека тоа е Ван Дајк. Ливерпул нема замена за него, изјавил поранешниот капите на „црвените“ Џејми Карагер.

Треба да знаете
Последни објави