Search

Ливерпул со 4 бода предност пред Сити по победата над Вулверхемптон

Ливерпул оствари победа над Вулверхемптон со 2-0 синоќа во првиот мечод 18-ти круг на Премиер Лигата.

Со тоа тимот на Јирген Клоп ја потврди својата голема форма со шест последователни успеси на сите турнири. Мохамед Салах (18) и Вирџил ван Дaјк (69) ги постигнаа головите за успехот.

По својата 15-та победа во шампионатот, „црвените” од „Енфилд” се на првата позиција со 48 поени, 4 пред шампионот Манчестер Сити, кој денес го пречекува Кристал Палас.

„Волците” го претрпеа седмиот пораз и се седми со 25 поени

Треба да знаете
Последни објави