Search

Ливерпул со „петарда” му посака добредојде на Раниери

Италијанскиот фудбалски стратег Клаудио Раниери нема подобро да го памети своето враќање во Премиер лигата, откако неговиот нов клуб Ватфорд попладнево загуби на домашен терен од Ливерпул со 5-0.

Особено инспириран беше Роберто Фирмињо, кој постигна три гола, а стрелци за Ливерпул беа и Садио Мане и Мохамед Салах.

Ливерпул со триумфот изби на чело на табелата со 18 бодови, два повеќе од второпласираниот Челзи, кој има натпревар помалку. Ватфорд со седум бодови е на 15. место, четири бодови над зоната за испаѓање.

Треба да знаете
Последни објави