Search

Ливерпул сигурно чекори кон титулата во Англија и поставува рекорди

Актуелниот лидер во англиската фудбалска Премиерлига Ливерпул од коло во коло е се поблиску до освојувањето на шампионската титула која ја чека 30 години. Јирген Клоп и неговите избраници за да ја верификауваат и теоретски шампионската титула пред крајот на сезоната потребни им се  уште 12 бода во последните 11 кола од сезоната. Ливерпул синоќа го славеше Вест Хем со 3-2 и со тоа постави неколку рекорди во Премиер лигата.

Ливерпул има предност од 22 бода во однос на актуелниот шампион Манчетсер сити. „Црвените“  имаат низа од 18 победи во Премиер лигата. Со ваквата серија Ливерпул го изедначи рекордот кој им припаѓаше на „граѓаните“ постигнат во сезоната 2017/2018, а можност за негово надминување ќе ја има в сабота кога ќе гостува кај Вотфорд.

Ливерпул со само едно реми и 26 победи и освоени вкупно 79 бода од можните 81 соборија многу рекорди, меѓу кои:

-Ниту еден клуб во најдобрите пет лиги нема подобар скор после 21 одиграно коло.

-Рекорд во Премиерлигата со 104 поени на 38 натпревари во низа, откако на 11 јануари го совладаа Тотенхм со 1-0.

-Предност од 25 поени во однос на најблискиот конкурент во еден момент е најголема во историјата на Премиерлигата.

-Во мечот со Вест Хем (3-2) ја оствари својата 21 последователна победа на својот „Енфилд“, со што го минаа Манчестер сити од сезоната 2011/2012, кој во тоа време имаше вкупно 20 победи

Листата со рекорди поставени од Ливерпул сезонава нема да заврши тука, бидејќи „црвените“ имаат шанса да бидат клуб со:

-Најмногу победи на свој терен во една сезона, во моментов имаат 14, а го бркаат рекордот на Челзи, Манчестер јунајтед и Сити (18)

-Најмногу победи во една сезона (Манчестер сити 32)

-Најмногу гпобеди во една сезона на гостински терен, во моментов Ливерпул е на 12 (Сити 16)

-Најмногу освоени бодови во една сезона (Сити 100)

-Најдолга низа без пораз, Ливерпул 44 (Арсенал 49)

-После Арсенал тие можат да станат само вториот тим што ја завршил сезоната без пораз, но со подобар рекорд од 539 дена

-Најголема разлика на крајот на сезоната со второпласираниот тим (Сити 19 бодови)

Треба да знаете
Последни објави