Search

Ливерпул се подготвува за сензационален потег, доколку го загуби Мане

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција која е во прекин, Ливерпул разгледува сензационална понуда за sвездата на Манчестер сити, Рахим Стирлинг, што ќе биде направено доколку Садио Мане одлучи да се пресели во Реал Мадрид. Ваква теорија пушти престижното француско издание „Екип”.
Според нивни извори, директорите на „Енфилд” стравуваат дека Сенегалецот може да биде во искушение од Реал, за чиј интерес се зборува повеќе од една година.

Самиот Стерлинг, кој исто така беше поврзан со трансферот на „Сантијаго Бернабеу”, ќе го напушти „Етихад” доколку остане казната за Манчестер Сити за не учество во евротурнирите во наредните две сезони. Барем така тврдат медиумите на Островот, иако агентот на играчот ги негираше информациите.

Според „Екип”, Стерлинг е склон да се врати на „Енфилд”. Пред една недела, англискиот репрезентативец беше прашан директно дали ќе се врати во Ливерпул и одговори дека го сака клубот. Сепак, навивачите на тимот од Мерсисајд се свртеа против него за начинот на кој се обиде да го изнуди неговиот трансфер во 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави