Search

Ливерпул останува без титула?

Поголем број на клубови во англиската Премиерлига бараат да се откаже актуелната сезона која е во прекин поради пандемијата од коронавирус, што може да значи дека ако се поништи првенството, Ливерпул ќе остане без веќе сигурната титула, зашто „црвените“ до прекинот имаат практично недостижна предност во трката за круната.

Ливерпул по три децении пауза беше на вистинскиот колосек за да стигне до првата шампионска титула, но пандемијата ги откажа сите фудбалски активности, а поради развојот на ситуацијата и сè поголемиот број на заразени од Ковид-19, меѓу нив и премиерот Борис Џонсон, практично нејасно е кога воопшто би се создале услови за да се продолжи со фудбалската сезона.

Според „Атлетик“, весникот во кој работат најдобрите англиски новинари и сè повеќе станува влијателен во фудбалот, веќе голем број на клубови од Премиерлигата бараат да се откаже сезоната, но нејасно е што ќе се случи со титулата на Ливерпул, зашто од поодамна е посочено дека без оглед што нема правило дали ќе му се додели круната или не, најчести толкувања се дека поништена сезона значи дека – нема првак.

„Бројни клубови бараат актуелната сезона да се заврши и тоа веднаш! Дури и тоа ако значи дека Ливерпул ќе остане без круната и по 30 години“, пишува весникот.

За да се изгласа поништување на сезоната потребно е двотретинско мнозинство од 20пте клуба (14), но последен збор ќе има и фудбалската асоцијација (ФА). УЕФА го откажа Евро 2020 за да им се даде шанса на првенствата да ги завршат истите за да не се загубат премногу пари, но засега пандемијата не влева голема надеж дека е тоа возможно и дека брзо ќе се случи според првобитниот план за рестартирање на фудбалот на почетокот на мај.

Превземено од Спорт1

Треба да знаете
Последни објави