Search

Ливерпул и Челзи во Истанбул играат за трофејот од Суперкупот на УЕФА

Англиските фудбалски премиерлигаши, европскиот првак Ливерпул и победникот во Лига Европа, Челзи, вечерва (21 ч.) во Истанбул ќе играат за трофејот од Суперкупот на УЕФА. Англиската пресметка со европски шмек  ќе се одигра на стадионот „Водафон Парк“на Бешикташ во Истанбул. За првпат во историјата Ливерпул и Челси ќе играат за трофејот од Суперкупот на Европа. Историски ќе биде овој дуел и по тоа што за првпат Французинката Стефани Фрапар ќе ја има честа да биде првата жена судија која делела правда на машки Суперкуп во рамките на УЕФА.

За Ливерпул и Челзи ова ќе биде  јубилејна 60. пресметка во 21.век.

-Почеток е на сезоната, но предизвикот е голем кога се игра за европски трофеј. Не очекува голема англиска пресметка. Се надевам дека ќе успеем да обезбедиме уште еден трофеј за клупските витрини – изјави Вирџил Ван Дајк, бранителот на Ливерпул.

За разлика од Ливерпул, ривалот од Лондон, Челзи неможеше да ја освежи екипата поради забраната за трансфери, па новиот тренер Франк Лампард иако имаше неуспешно деби на клупата со убедлив пораз од Манчестер јунајтед на стартот од премиерлигашката сезона, е оптимист дека неговиот тим може брзо да се рехабилитира.

-Челзи е подготвен за беспоштедна борба. Ќе дадеме се од себе да ги израдуваме нашите навивачи. Имаме проблеми со повреди, но нема да се жалиме. Ќе играме да го освоиме трофејот – вели Лампард.

Треба да знаете
Последни објави