Search

Ливерпул го победи Саутемптон, титулата се решава во последното коло

Ливерпул со мешан состав успеа да победа на гостувањето кај Саутемптон (1:2), па титулата во Премиер лигата ќе се решава во последното коло.

Натан Редмонд во 13-та минута донесе водство за Саутемптон, но Минамино успеа да израмни до крајот на првото полувреме.

Ливерпул и во второто полувреме имаше доминација, а победничкиот гол го постигна Матип во 67-та минута после еден корнер.

Во последното коло Ливерпул ќе се сретне со Вулверхемптон, додека Манчестер Сити ќе ја пречека Астон Вила со еден бод повеќе на табелата.

Треба да знаете
Последни објави