Search

Ливерпул го победи Атлетико во Мадрид, дебакл на Дортмунд

Вечерва беа одиграни неколку одлични натпревари, а вистински дебакл доживеа Борусија Дортмунд кај Ајакс со 0-4, додека Ливерпул славеше во големото дерби против Атлетико Мадрид со 3-2, додека Реал Мадрид го прегази Шахтер со 4-0.

Ајакс ги искористи своите шанси против германскиот гигант, па во текот на првото полувреме до водство стигнаа со автоголот на Ројс, по што Блинд зголеми на 2-0. Во вториот дел Ентони и Холер со уште по еден гол го комплетираа триумфот од 4-0.

Ливерпул и Атлетико Мадрид одиграа одличен меч на „Ванда Метрополитано“, а на крајот триумфираше гостинскиот тим со 3-2.

Избраниците на Јирген Клоп поведоа преку Салах, по што Кеита стрелаше за 2-0 во 13. минута од средбата, но на сцена потоа стапи Гризман кој со два гола израмни на 2-2.

Во вториот дел Атлетико остана со играч помалку поради црвениот картон на нивниот херој до тој момент, Гризман поради груб старт, а Ливерпул казни преку Салах од пенал (3-2).

Реал Мадрид славеше убедливо против Шахтер со 5-0, а во листата нс трелци се запишаа Винисиус Жуниор со два гола, Родриго и Бензема погодија по еднаш, како и Кривцов си постигна автогол.

Останати резултати:

Интер – Шериф 3-1
Порто – Милан 1-0
ПСЖ – Лајпциг 3-2

Треба да знаете
Последни објави