Search

Ливерпул без милост против Саутемптон

Ливерпул второ коло по ред победува дома со 4-0, а после Арсенал, жртва на ефикасните Црвени беше Саутемптон. Жота двапати, Тијаго и Ван Дајк беа стрелци.

Диего Жота ги постигна првите два гола за уверливо водство уште по 32 минути, а големо внимание привлече оној вториот поради мајсторијата која ја изведе Мохамед Салах. Египќанецот креираше извонредна шанса за својот тим, а притоа успеа да асистира и да го проигра соиграчот откако претходно го „јавна“ чуварот.

Салах заврши на грбот на Лианко и направи Жота да има најлесна задача во светот за водство од 2:0, по што следеше нов гол и од Тиаго Алкантара пред крајот на првиот дел.

За Ван Дајк ова е прв гол по враќањето на терените, а Жота им се придружи на Мане и Варди на делба на второто место на листата на стрелци во Премиерлигата зад Салах. Од првите четворица стрелци во лигата, тројца се од Ливерпул.

Ливерпул со покерот голови дојде до 39 погодоци сезонава на 13 меча, што е просек од три по натпревар. Црвените се втори на табелата со еден бод помалку од Челзи, кој има и еден меч помалку.

 

Треба да знаете
Последни објави