Search

Ливаковиќ се израмни со Субашиќ, па порача: Ова е најдобриот момент во мојата кариера

Хрватската фудбалска репрезентација на Хрватска се пласира во четврт-финалето на СП во Катар и за тоа мора да му се заблагодари на голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ, кој успеа да обрани дури три пенали на Јапонија за голем триумф.

Овие три одбрани на пенали во нокаут-фазата на еден мундијал значат дека Ливаковиќ го израмнува рекордот на својот сонародник Даниел Субашиќ, кој на СП во 2018 година одбрани три пенали против Данска, исто така во осмина-финалето на ЛШ, како и со португалскиот голман Рикардо, кој одбрани три пенали кога неговата репрезентација ја исфрли Англија во 2006 година.

„Чувството е прекрасно, првин поради целиот тим, атмосферата е прекрасна. Благодарност до сите навивачи што пристигнаа тука. Мечот беше тежок, Јапонците притискаа од самиот почеток, беа фантастично подготвени, но и ние не бевме лоши. Победивме кога беше најтешко. Ова е најдобриот меч во мојат кариера и, секако, најважниот момент“, вели 27-годишниот Ливаковиќ.

Треба да знаете
Последни објави