Search

Либија: Нафтата и натаму блокирана, Хафтар го прекрши ветувањето

Либискиот командант Калифа Хафтар вети дека ќе стави крај на повеќемесечната блокада на енергетскиот сектор најдоцна до 12 септември, но нафтените пристаништа и полињата остануваат затворени, се вели во соопштението на американската амбасада во таа земја.

САД ги предводеа напорите за ставање крај на блокадата на енергетскиот сектор во Либија. Иницијативата беше спроведена како дел од пошироките дипломатски напори да се обезбеди прекин на огнот и да се постигне договор меѓу ривалските фракции на истокот и западот на земјата.

Командантот на либиската национална армија Калифа Хафтар и неговите приврзаници воведоа блокада во јануари, со што производството на нафта во земјата се намали од над милион барели на ден на под 100.000.

Треба да знаете
Последни објави