Search

Либиските противнички страни го прекинаа договорот во Женева

Заедничка воена комисија, составена од десет високи воени функционери, во Женева подготви нацрт договор за примирје во Либија, што ќе биде финализиран во март, соопшти Мисијата на ОН во Либија (УНСМИЛ).

Двете ривалски страни во Либија, повикани од ООН за политички разговори во Женева, што ќе одржат утре, одделно објавија дека ќе го прекинат учеството во дијалогот, наведувајќи различни причини.

Парламентот со седиште на исток во земјата, кој го поддржува маршалот Калифа Хафтар, соопшти дека нема да учествува на состанокот затоа што УНСМИЛ не ги прифатил сите 13 пратеници.

Високиот државен совет, пак, кој ја поддржува владата за национално единство со седиште во Триполи, објави дека прво ќе чека да се оствари напредок во воените преговори.

Портпаролот на УНСМИЛ Жан ел Алам рече дека датумот за почеток на политичкиот дијалог нема да се менува.

– Либискиот политички дијалог ќе почне на 26 февруари како што беше планирано. Многу учесници веќе пристигнаа во Женева, а се надеваме дека ќе дојдат и останатите кои се поканети, рече Алам.

Двете ривалски страни се борат за моќ во Либија од 2015 година – владата за национално единство со седиште во Триполи, признаена од ООН, и владата претставена од Хафтар на исток, која започна офанзива во април 2019 година за да го заземе Триполи.

Треба да знаете
Последни објави