Search

Либертадорес на „зелената маса“ ќе го добие шампионот?

Најочекуваното финале во историјата на Копа Либертадорес, дуелот Ривер Плата-Бока Јуниорс, веројатно нема да биде решено на фудбалскиот терен.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), денес ќе донесе одлука дали ќе го дисквалификува Ривер Плејт, дали мечот ќе се игра без присуство на публика или пак ќе се игра на неутрален терен.

Навивачите на Ривер, во саботата, го нападнаа клупскиот автобус на Бока. Хулиганите го нападнале автобусот со камења, а потоа во него фрлиле солзавец. Седум фудбалери на Бока се повредени при нападот.

Во саботата мечот неколку пати беше одложуван, потоа КОНМЕБОЛ решија да се игра в недела, но откако е утврдено дека играчите на Бока не се подготвени за да го одиграа мечот, истиот е одреден на неодредено време.

Инаку историјата, при ваквите инциденти, не е на страната на Ривер Плата. За сличен инцидент, во 2015 година, во осмина-финалето во Копа Либертадорес, КОНМЕБОЛ ја дисквалификува Бока.

Тогаш со спреј-солзавец на теренот на „Бонбиниера“ биле испрскани фудбалерите на Ривер.

„Било која друга казна од онаа што во минатото им е изречена на Бока Јуниорс, ќе биде јасен и нефер потег“, се наведува во соопштението што клубот Бока Јуниорс го упатиле до КОНМЕБОЛ. Во писмото стои дека доколку Ривер не бидат дисквалификувани, дека тогаш Бока правдата ќе ја бараат пред Судот за арбитража во спортот, во Лозана.

Првиот човек на Ривер, Родолфо Д’Онофрио, рекол дека клубот не може да биде обвинет за кршење на јавната безбедност и го обвинил својот колега од Бока, Даниел Аџелико, дека го „крши дадениот збор“, дека Бока и покрај инцидентите ќе го одигра мечот.

Првиот финален меч одигран на стадионот на Бока заврши без победник 2:2.

Треба да знаете
Последни објави