Search

Либерман нема да ги поддржи ниту Ганц ниту Нетанјаху за премиер

Авигдор Либерман во неделата изјави дека неговата десничарска партија нема да поддржи ниту еден кандидат за премиер за време на неговите консултации со претседателот Рувен Ривлин, пренесува „Спутник“ .

Либерман, кој ја води десничарската партија Јисраел Бејтуну (Израел нашиот дом), во неделата рече дека Нетанјаху и Ганц треба да се откажат од својата „детска расправија“ и да формираат влада на национално единство. Тој им рече да фрлат паричка за да одлучат кој прв ќе биде премиер.

Во своите забелешки Либерман, чија партија освои осум пратенички места на изборите минатата недела, рече дека не може да ги поддржи ниту Нетанјаху ниту Ганц, кој би можел да добие поддршка од претежно арапската Заедничка листа.

„Во Кнесетот има партија што се обидува да нè уништи однатре и во најдобар случај тие припаѓаат на парламентот во Рамалах, а не во Израел. Затоа не можеме да го поддржиме Бени Ганц. Значи, нашата препорака до претседателот е да не поддржуваме никого“, рече Либерман.

Треба да знаете
Последни објави