Search

Либералната партија бара да се забрани трговијата во недела и за време на празници

Либералната партија, преку соопштение, ги охрабрува Владата и Министерството за финансии, по примерот на Република Црна Гора да направи измени во Законот за трговија, со кој се забранува трговија на големо и мало во недела и на празници.

„Исто така предлагаме да се направи промена во Член 25 од Законот за трговија, со што продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно-станбени згради не можат да почнат со работа пред 6 часот и мора да завршат со работа до 16 часот“, велат до Либералната партија.

На овој начин, додаваат од партијата, ќе се изедначат условите за работа во приватниот сектор со условите за работа во државната администрација, а граѓаните ќе добијат повеќе заедничко време со најблиските.

Треба да знаете
Последни објави