Search

Либан нема да има доволно кревети за да се избори со Ковид-19

Либан нема да има доволно болнички кревети за справување со зголемениот број случаи на пациенти до ковид-19, предупреди денеска министерот за здравство во преодната влада Хамид Хасан.

Хасан на Твитер напиша дека бројот на случаи се зголемува, и иако се додадени повеќе болнички кревети, тоа нема да биде доволно.

Единиците за интензивна нега беа скоро полни кога Либан воведе национален карантин, а привремениот премиер Хасан Диаб предупреди дека карантинот може да биде продолжен доколку не се почитуваат мерките.

Министерството за здравство на Либан вчера пријави 1.842 нови случаи на Ковид-19 и 22 смртни случаи.

Покрај пандемијата на Ковид-19, Либан се соочува со голема финансиска и економска криза и сè уште се бори со последиците од експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август.

Треба да знаете
Последни објави