Search

Леjди Гага во новата биографија отворено зборува за периодот кога се дрогирала

Американската пејачка Леjди Гага во новата биографија „Everyone Loves You When You Are Dead”, која излегува на 5 мај, дава редок увид во својот живот пред да стане славна, и отворено зборува за периодот кога била зависна од дрога, пишува NME.

Во еден дел од книгата која ја напиша Нејл Штраус, Гага вели дека понекогаш е преплашена од тоа кога ќе помисли како лежела во својот стан во Њујорк, опкружена со бубачки и бубашваби, со огледала и со кокаин насекаде, без интерес да работи ништо освен да создава музика и да се дрогира.

Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, вели дека експериментирала со дрогата заради уметнички цели, инспирирана од Дејвид Боуви и Мик Џегер.

„Немав лошо детство. Сите работи низ кои поминав беа дел од мојата сопствена потрага по уметничко патување да се зафркавам како (Енди) Ворхол и Боуви и Мик”, пишува во книгата.

Треба да знаете
Последни објави